Испечати

Сладолед потопен во кафе (Affogato al Caffè)

Сладолед потопен во кафе (Affogato al Caffè)

Состојки

  • 2 топки сладолед со вкус на кафе или ванила
  • 1 доза инстант кафе, ладно
  • струготини од квалитетно чоколадо

Подготовка

Рецептот за италијанско афогадо е еден од најлесните десерти за подготовка доколку сакате да се заблажите
Кафето за многумина е омилениот утрински ритуал.
Но, кога ќе посакате да направите мала промена на вкусот, подгответе ладна верзија во која ќе додадете сладолед.
Популарното affogato е италијански десерт- пијалак, совршен спој од горко кафе и сладок сладолед

Ставете две топки сладолед од кафе или ванила во чаша
Ставете го инстант кафето, подготвено на ваш омилен начин.
Јас ставам 1 лажиче инстант кафе, 1/4 лажиче кафен шеќер и ладна вода.
Најгоре направете и поставете чоколадни струготини.
Сервираме веднаш

По желба на дното на чашата може прво да ставите лажиче нутела, па топки сладолед, па кафе..