Испечати

Киселкаст десерт во чаша

Киселкаст десерт во чаша

Состојки

  • 400 мл сок од вишни
  • 9 грама желатин
  • 300мл слатка павлака
  • 5 лажички шеќер во прав
  • 100 мл грчки јогурт
  • 2 лажици пудинг од ванила
  • 9грама желатин
  • 1 паковка пасирани вишни,свежо или замрзнато овошје по вкус.

Подготовка

400мл сок од вишни, можете и од компот течноста, ја помешувате со претходно набабрен желатин.
Промешајте убаво и наполнете ги чашичките. Ставете во фрижидер да се стегне.
Во касерола на оган растопете 5 лажички шеќер во прав со 300 мл слатка павлака.
Додајте и две лажици пудинг од ванила.Промешајте.
Тргнете од оган.
На страна 100 мл јогурт го помешуваме со претходно набабрениот желатин.
Соединуваме убаво да се изедначи смесата. Потоа ја помешуваме со слатката павлака.
Ако не ви е благо, додајте си повеќе шеќер во прав.
Ги вадиме чашичките од ладилник и ги дополнуваме со белата смеса.
Враќаме повторно во фижидер.
По кратко време десертот е стегнат. Декорирајте со свежо овошје по вкус.
На пример јас оваа варијанта на десерт ја направив малку по краситка.
Во дел од чашичките вметнав и пасирани вишни помеѓу црвениот и белиот фил.
Нека ви е слатко.