Чикен Мекнагетс (пилешки крокети)
Состојки
- 3 парчиња пилешки стек
- 1 лажиче сол
- 2 јајца
- 1 и пол филџан нишесте
- 1 филџан вода
- 2 лажици сенф
- половина лажиче лук во прав
- 1 лажичка многу ситно сецкан кромид
- 1 филџан брашно
- половина лажичка зеленчуков сув зачин Натура
- презла по потреба
Подготовка
Син ми е луд по овие крокети, ги има пробано во рестораните на Мекдоналдс неколку пати и ги обожава, па решив да го изненадам со домашна варијанта. Месото кое го користев беше домашно пилешко месо. Како за првпат беа одлични и веднаш ги снема, не успеав ни да ги сликам како што треба.
Прво пилешкото со солта и јајцата се миксираат во блендер. Се зема со раце од смесат и се оформуваат мали крокети. Секој крокет се прпелка во нишесте.
Потоа во нишестето кое ќе ви остани во садот, се додава вода, сенф, лук, кромид, брашно, зачин и убаво се меша. Може да користите и блендер.
Секој крокет се прпелка во оваа смеса и се мака во презла. Јас немав презла затоа не ги макнав. Спремните крокети се ставаат во замрзнувач околу 1 час и потоа се пржат во загреано масло, најдобро во фритеза за рамномерно да поруменат од сите страни.