Испечати

Сочни мафини со мармалад од мандарини и прелив

Сочни мафини со мармалад од мандарини и прелив

Состојки

  • 2 јајца
  • 3лажици шеќер
  • 1 ванила
  • 2лажици мелен орев
  • 2лажици полниии мармалад од мандарини
  • 1лажиче пециво
  • 1/4лажиче сода бикарбона
  • 140гр брашно
  • 2лажици кисела павлака
  • 50мл масло
  • прелив
  • 80-100мл сок од свежо цеден портокал
  • 1-2лажица шеќер
  • ливчиња маточина или мента за декорација

Подготовка

Љубоморно си чував 2 теглички домашен мармалад од мандарини, донесен како подарок од вредната тетка Катица од Корчула.
Со надеж дека и ова лето ќе ги видам, и дека ќе добијам пак подарок..хаххаха решив да го искористам остатокот од резервите.
Мафините се исклучиво ароматични, сочни и кревки, со нежна нота на горчина, поради кората од мандарините.
тетка Катица кажа дека мандарините ги мели заедно со кората, од причина што воопшто не ги третираат со хемиски средства.
Во моментот немав мандарини и користев сок од свежи портокали, за прелив.

Начин на подготовка.
Во вангличка ги ставаме јајцата, ванилата и шеќерот и матиме до побелување.
Со исклучен миксер ги додаваме киселата павлака, маслото, мармаладот од мандарини и оревот,
Убаво соединуваме со жица или со миксер со најмала брзина.
Сега во еден сад ги соединуваме брашното, пецивото и содата.
И нив ги додаваме во претходно подготвената смеса.
Убаво изедначената смеса ја ставаме во хартиени калапи за мафини, кој ги купив неодамна ( а кои Теофанија се уште не ги надушкала, хахаххаха, и враќам за четвртастиот калап)
Корпите се малку поголемки од вообичаено.
Јас ги полнев до 3/4 од волуменот и направив 9 мафинни.
Инаку дозата е точно за 12 мафини.
Ги печев во загреана релна на 180 с околу 25 минути.
Испечените мафини ги оставаме да се изладат.

Го подготвуваме преливот
Исцедениот сок од портокали го ставаме во мала касерола и додаваме шеќер.
Оставаме на оган и нека провријаат 2 минути.
Тргаме од оган и со помош на лажица ставаме од сокот, односно шербетот од портокали врз секој мафин, кој може на неколку места да се избоцка со чечкалица
После еден час декорираме и послужуваме