Бисквитни монте коцки
Состојки
- користена тава 20 х 30
- околу 300 гр бисквити
- 400 мл слатка павлака
- чокола чоколаден прелив
- За ванила фил
- 0,5 литри млеко
- 4 лажици шеќер
- 1 пакетче пудинг од ванила
- 100 гр бело чоколадо
- 100 гр маргарин
- За чоколаден фил
- 0,5 литри млеко
- 4 лажици шеќер
- 1 пакетче пудинг од чоколадо
- 100 гр црно чоколадо
- 100 гр маргарин
Подготовка
Оваа торта произлезе од други два рецепти, една торта со бисквити и филови од пудинг и шлаг и популарниот монте крем во чаша, па така комбинацијава испадна лу-ди-ло! Морате да пробате.
Филовите се спремаат класично како и пудинг кремовите. Во дел од млекото се раствора пудингот, остатокот се загрева, па се додава растворениот пудинг и се вари со мешање до згуснување.
Во жешкиот пудинг прво се додава чоколадото искршено на коцки, па потоа и маргаринот и убаво се меша до кремаста структура.
Во тавата на дното се редат бисквитите и врз нив се истура прво ванила кремот.
Додека се загрева млекото за следниот пудинг, се мати слатката павлака.
Половина од неа се премачкува врз ванила филот, па врз неа се редат повторно слој бисквити, над нив доаѓа чоколадниот фил, па остатокот од павлаката.
Со чоколадниот прелив шараме врз шалгот од слатка павлака за украсување и дополнителен вкус на тортата.
Додека ја спремате тортата ќе си сварите едно кафе во поголем филџан. Откако ќе ја изматите павлаката и скоро во исто време сварите и чоколадниот пудинг, кому нема да дозволите да фати кора одозгора, ќе седните на една кратка пауза и додека е уште жешко кафето ќе испиете помалку од половина. Тоа е отприлика доволно време (ако не е многу жешко времето) ванила кремот да фати кора и да подолади за да можите да мачкате од слатката павлака. Остатокот од кафето ќе го испиете со паузата пред премачкување на вториот дел од слатката павлака, чекајќи да подолади и фати кора чоколадниот дел. Штом е готова тортата, веднаш превец во фрижидер на ладење барем неколку часа пред да послужите или ставете ја во замрзнувач.