Испечати

Рапсодија во чаша

Рапсодија во чаша

Состојки

  • 2 х 300 мл ладно млеко
  • 2 х 1 лажица шеќер во прав
  • 2 х 1 лажица кисела павлака
  • 1 пакетче инстант пудинг од ванила
  • 1 пакетче инстант пудинг од јагоди
  • 15на лажици мелена гранола со јатки
  • грст јаготки
  • 100 мл шлаг

Подготовка

Секој инстант пудинг се мати со ладното млеко во кое на крај додаваме по една лажица шеќер во прав и кисела павлака.

Јаготките ги сечкаме и оставаме по една помала или неколку за украсување.

Во секоја чаша ставаме прво по една лажица мелена гранола, врз неа да покрие пудинг од јагода, повторно гранола, па редиме од сечканите јаготки и ги прекриваме со пудингот од ванила, врз кој повторно оди слој мелена гранола и над неа завршуваме со слој пудинг од јагоди.
Секако, последната чаша ќе има да се наполни со пудинзите во обратен редослед.

Одозгора украсуваме со шлаг и помали парченца јаготки.

Оставаме кратко во фрижидер (а не е проблем и веднаш) и послужуваме.