Сочна пица (тесто со кисела вода и квасец)
Состојки
- 10гр свеж квасец
- 1лажиче сол
- 1/4лажиче шеќер
- 2лажици маслиново масло
- 150мл кисела вода
- максимум 300гр брашно
- домашен доматен сос со босилек,рендан кашкавала, сува, чадена печеница, маринирани шампињони, свежо оригано, лута пиперка и кругови домат
Подготовка
Тестото е исклучително меко и кревко
Во вангличка ги ставаме киселата вода, сол, шеќер, маслиново масло и квасец.
Промешуваме со вилушка и го додаваме просеаното брашно.
замесуваме меко тесто.
Врз парче прозирна фолија ставаме 2-3 капки масло и во неа го завиткуваме тестото.
Го оставаме да одмори 1 час.
Потоа со рака или сукало го развлекуваме во округла фоирма.
Го поставауваме во ненамастена тава за пица.
Врз тестото ставаме половина тегле домашен доматен сос со босилек, па рендан кашкавала, сува, чадена печеница, маринирани шампињони, свежо оригано, лута пиперка и кругови домат.
Печиме во појако загреана релна околу 15 минути.
Сервираме топла
На здравје