Испечати

Кифлички меки како памук

Кифлички меки како памук

Состојки

  • 40гр (коцка) квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 100 мл топло млеко
  • 100 мл топла вода
  • 100 мл масло за готвење
  • 3 лажици јогурт
  • 1 јајце
  • 500гр брашно
  • 1 кафена лажичка сол
  • 50гр маргарин

Подготовка

После многу испробани рецепти за меки кифлички морам да признаам дека овој е незаменлив. Кифлите се навистина меки, вкусни баш како од пекара.
Најпрво во вода го ставаме квасецот, топлото млеко, толата вода, шеќерот и мешаме додека не се растопи коцката квасец. Потоа ги додаваме јајцето, три лажици јогурт, брашното и солта, мешаме се заедно додека не добиеме убаво, но сепак оставаме да биде меко тесто.
Вака добиеното тесто го оставаме да стаса околу час и пол.
Откако ќе стаса тестото правиме топчиња. Секое топче го расукуваме и правиме кифли во форма по наша желба, јас ги правев малку поголемки овој пат.
Ги ставаме во плех обложен со хартија, и повторно ги оставаме околу 30на минути да стасаат.
Пред да ги ставиме во рерната ги мачкаме со ладна вода.
Печеме во загреана рерна додека не поруменат убаво, јас ги печев околу 20на минути на 200 степени.
Штом ги извадиме уште додека се топли ги премачкуваме со маргарин, и од горе ги наросуваме со сол.
Ги оставаме така додека се оладат.
Кифлите се многу меки и наредниот ден.