Испечати

Пита со печурки

Пита со печурки

Состојки

  • 4 јајца
  • 300-350гр брашно
  • 180мл кисела павлака
  • 50мл масло
  • 50гр лупен сончоглед на Натура
  • 200гр свежи или од тегла печурки
  • 1 главица кромид
  • 1 прашак за печиво Фантазиа
  • 1лаж сусам

Подготовка

Да ја пробаме новата тава за пржење од Делимано фајв стар.
Печурките и кромидот испржете ги кратко во тавата за пржење.
Јајцата изматете ги додајте ја павлаката, маслото и зачинете по вкус.
полека се додаваат брашното и печивото, печурките и една лаѓ сончоглед (останатите се за одозгора).
Смесата се истура во плех, округла тава, куглов, за мафини, изборот е ваш,се ставаат одозгора сончогледот и сусамот.
Се пече на загреана рерна 200степени 20 мин..
Откако ке се излади, пресечете и послужете со јогурт,кислео млеко.
На здравје!