Испечати

Гламур во чаша - десерт пудинг со банани и чоколадо

Гламур во чаша - десерт пудинг со банани и чоколадо

Состојки

  • 1 пудинг од ванила
  • 1 пудинг од чоколадо
  • 1 литар млеко
  • 1/2 чоколада за готвење бела
  • 1/2 чоколада за готвење црна
  • 2 банани
  • 6 лаж. шеќер
  • 3 реда млечна чоколада со криспи јогурт
  • течна чоколада

Подготовка

Подготовка
Започнуваме со подготвка на пудингот од ванила. Дел од млекото т.е 200мл. оделуваме. Остатокот т.е 300мл. ги ставаме да зовријат заедно со трите лажици шеќер,во ладното млеко го мешаме пудингот и постепено го додаваме во врелото млеко. Мешаме се додека не добиеме густ крем. Во врелиот крем го додаваме чоколадото за готвење бело и повторно мешаме.
Постапката ја повторуваме исто и со чоколадниот пудинг.
Во чаша на почеток ставаме малку од ванила крем кој го оставаме да се излади(5 минути)сецкаме банана на кругови на секоја банана ставаме капка течна чоколада. Круговите банана ги лепиме за внатрешноста на чашата.
Течната чоколада да ни се гледа заедно со кругот банана. Пред да налееме од чоколадниот фил сецкаме од чоколадата со јогурт и криспи кранч. Врз чоколадниот пудинг повторно сецкаме од млечната чоколада и малку банана. Декорираме со течна чоколада.
На здравје!!!