Испечати

Брзи пржени крофнички

Брзи пржени крофнички

Состојки

  • 200 мл јогурт
  • 2 јајца
  • 2 лажици шеќер
  • 1 пециво
  • 18 лажици брашно
  • 1 ванила

Подготовка

Ја имам справата за правење крофнички преку 30 години и ете дури сега да го објавам овој феноменален рецепт кој се прави брзо и едноставно.

1. Сите наведени состојки се миксираат во длабок сад.Се остава да се одмори смесата 10мин.
2. Настрана се става масло во тенџерче и се загрева и се ставаат со пластичната справа тесто да се пржи. Се вадат крофничките и се редат на хартија.Се поросуваат со шеќер во прав и пречив од чоколада