Ванила крем торта со шумско овошје
Состојки
- За подлога од пандишпан
- 2 јајца
- 1 ванилин шеќер
- 2 лажици шеќер
- 2 лажици брашно
- 1 мала лажичка пециво
- За ванила крем
- 2 пудинга од ванила
- 600 мл млеко
- 4 лажици шеќер
- 500 мл слатка павлака
- 5 гр желатин
- За фил со шумско овошје
- 300 гр шумско овошје(малини, боровинки, аронија, јагоди)
- 600 мл вода
- 2 пудинга со вкус на малина
- 10 лажици шеќер
- 5 гр желатин
Подготовка
Не знам дали ќе успеам да ви го претставамова кремасто задоволство со фотографија. Ама се надевам дека и преку состојките ќе заклучите дека е ова фантастичен кремаст десерт во кој ќе посакате повторно и повторно да го уживате!
Подготовка за пандишпан
1. Јајцата и шеќерите ги матиме со миксер додека да добијат посветла боја и се згуснат.
2. Ги додаваме брашното и пецивото па повторно промешуваме.
3. Смесата ја распоредуваме во тава за чизкејк премачкана со путер и на дното со брашно.
4. Ја печеме околу 10 минути во загреана рерна на 200 степени. Ја оставаме да излади.
Подготовка на Ванила крем
1. Подготвуваме пудиг со наведените состојки кој потоа го оставаме добро да се излади ама да не направи коричка. Го миксираме.
2. Слатката павлака ја матиме со миксер ама само колку малку да се згусне.
3. Го растопуваме желатинот во 5-6 лажици вода и кратко го загреваме ама пред да ја матиме слатката павлака, за да може да се подизлади.
4. Го додаваме пудингот постепено заедно со желатинот. Соединуваме со миксер додека да ни се создаде еднолична крем смеса.
5. Ја распоредуваме врз подлогата од пандишпан. Оставаме да се излади и стегне.
Подготовка на фил од шумско овошје
1. Го ставаме овошјето да проврие со дел од водата и шеќерот, додека да омекне. Го блендираме со рачен блендер.
2. Додаваме прашок за пудинг кој сме го раствориле во остатокот од водата.
3. Мешаме додека да згусне и го додаваме желатинот растворен во вода.
4. Откако смесата ќе згусне ја ладиме и ја распоредуваме врз крем ванила пудингот.