Испечати

Кашкавалки со путер

Кашкавалки со путер

Состојки

  • 200 мл топло млеко
  • 1/2 квасец
  • 1 кафена лажица сол
  • 1 кафена лажица шеќер
  • 1 лажица путер за тесто
  • 100 гр путер за премачкување
  • 400гр брашно или по потреба
  • 150 гр кашкавал
  • 2 жолчки
  • 50 гр сусам

Подготовка

Подготовка
-Во длабок сад, ставете го топлото млеко, путерот, солта, шеќерот и квасецот (растопен со малку млака вода). Промешајте убаво.
-Додавајте полека од брашното, матете со лажица, а потоа со рака замесете меко тесто. Оставете да стаса тестото.
- Направете прво топчиња од тестото. Големината нека им биде колку еден лимон.
-Секое топче, расукајте го и поделете го на четири дела. Секој дел премачкајте го со путер и ставете рендан кашкавал, потоа замотајте како кифличка и свиткајте ги малку од страните. Премачкајте со жолчка, ставете одозгора малку путер и сусам. Постапката повторете ја со сите останати.
- Наредете ги во намрсена и набрашнета тава и печите на 250 степени околу 15 мин.
-Кога ќе ги извадете од рерна, попрскајте ги малку со вода.

Добар апетит