Далгона кафе со кафеав шеќер
Состојки
- 1 лажица инстант кафе
- 1 лажица кафеав шеќер Натура
- 1 и пол лажица топла вода
- 100 мл ладна вода
- 100 мл ладно млеко
- 2 коцки мраз
Подготовка
Кафево е закон, сигурно јас сум една од последните кои го прават. Првпат го направив пред некој ден, и ме воодушеви иако не сум љубител на млечни кафиња. Затоа овој пат решив да го преполовам млекото, а и да пробам со кафеав шеќер како ќе се однесува пената. Немаше разлика.
Ставете ги во чаша или подлабок, а потесен сад, кафето, шеќерот и 1 лажица топла вода. Миксирајте со миксер (доволна е една маталка). За 1-2 минути ќе се оформи убава густа пена, која наликува на шлаг крем. Кремот може и вака да го користите, но ќе биде прегуст и тешко ќе се меша. Затоа додадете уште половина лажица топла вода и продолжете со миксирање. Пената ќе се зголеми на волумен, ќе стани посветла и густината малку ќе се намали. Перфектна за кафе.
Во една чаша од 250 мл, ставете 2 коцки мраз, додадете по 100 мл ладна вода и млеко (ако сте љубител на млеко ставете 200 мл млеко), а одозгора ставете го кафе кремот.
Измешајте го со лажичка или со сламка и уживајте во вашето далгона кафе.