Испечати

Кокос пудинг коцки

Кокос  пудинг коцки

Состојки

  • 5 белки
  • 200гр. шеќер
  • 100гр. брашно
  • 125гр. кокос
  • 1 пециво
  • прелив за тестото
  • 200мл. млеко
  • 2лаж. шеќер
  • 1лаж. ванила
  • фил
  • 500мл. млеко
  • 1 пудинг од ванила
  • 2лажици брашно
  • 8лажици шеќер
  • 5 жолчки
  • 200гр. путер
  • 200мл. слатка павлака
  • кокос за посип

Подготовка

Подготовка
Започнуваме со матење на белките во нив додаваме шеќер и повторно матиме се додека не добиеме густа пена.Го исклучуваме миксерот ги додавама сите останати состојки за тесто но овој пат мешаме само лесно со шпатула се додека смесата убаво не ни се соедини.Печеме на 180степени петнаесетина минути.
Тестото го попаруваме со млеко,шеќер и ванила.
Дел околу 200мл.млеко оделуваме додека е ладно а останатото го зовриваме заедно со шеќерот.Во ладното млеко го додавае пудингот,жолчките,брашното сипуваме во зовриеното млеко се додека не добиеме густ крем.Во кремот додека е врел го додаваме и путерот и повторно мешаме,жешкиот пудинг крем го сипуваме брз тестото.Матиме слатка павлака и декорираме на крај посипуваме со кокос.
Тортата изладете ја пред да ја исечете многу наликува на сладолет ванила торта.
НА ЗДРАВЈЕ!!!