Испечати

Оброк салата од тарана

Оброк салата од тарана

Состојки

  • 150 гр тарана
  • 1,5 литар вода
  • 1 мала конзерва грашак
  • 100 гр кењм сирење или сирен намаз
  • 100 гр печеница
  • 100 гр кашкавал

Подготовка

Ставете ја тараната во 1,5 литар зовриена посолена вода да се вари 20 минути.
Потоа исцедете ја убаво и ставете ја во длабок сад. Додадете го грашакот од конзерва и крем сирењето или намазот.
Исечкајте ја печеницата, а кашкавалот исечкајте или изрендајте го. Посолете и побиберете по вкус доколку сакате.
Измешајте се и послужете топло.
Доколку не сте во можност да го изедите топло како оброк, ставете го во калапи или длабоки чинии, покријте го и оставете го во фрижидер. Покасно само превртете го на рамна чинија, украсете и сервирајте го како салата.