Нугатисима торта со чоколаден пудинг
Состојки
- состојки за 1 тесто, потребни се две теста
- 2 белки
- 2лажици шеќер
- 1лажиче брашно
- 70гр тостирани и мелени лешници
- лешник крем
- 1 пудинг од чоколадо
- 250мл млеко
- 2лажици шеќер
- 40гр путер
- 4 жолчки
- 4лажици шеќер
- 50мл млеко
- 100гр чоколадо со крем , лешник полнење
- 70гр тостирани и мелени лешници
- 2лажици тостирани и мелени лешници за одозгора
Подготовка
Мала тортичка, но многу моќен вкус има.
Печена е во калап со обрач бр 20
Ако ви треба поголема торта, состојките дуплирајте ги и печете во калап бр 26.
Земаме две ванглички и едно тенџере,,
Во вангличките ставаме по 2 белки, а во тенџерето ги ставаме 4 жолчки.
Сега ја правиме првата кора.
Ги матиме белките и постеепно го додаваме шеќерот.
Матиме до густ шам.
Со исклучен миксер ги додаваме тостираните лешници и соединуваме.
смесата ја ставаме во калапот израмниваме и печиме околу 10 минути на 180 с.
Оваа кора ја оставаме да се лади, па на идентичен начин ја подготвуваме и печиме и втората кора.
Оставаме да се ладат.
Го подготвуваме филот.
Во касерола налеваме млеко, додаваме шеќер и прашок за пудинг.
убаво соединуваме и вариме на умерен оган до згуснување.
тргаме од оган и додека е врело го додаваме путерот и убаво соединуваме се.
сега жолчките ги матиме со миксер каратко заедно со шеќерот.
тука го додаваме и млекото ,соединуваме.
Ова тенџере го ставаме врз тенџере во кое има вода и готвиме на пареа до згуснување.
Тргаме на страна , па го додаваме чоколадото да се растопи.
Промешуваме убаво.,
Тука го додаваме и млакиот пудинг, лешниците и убаво ја соединуваме цела смеса.
Врз првата кора, ставаме половина количина на фил, па втора кора и останатиот фил.
Најгоре посипуваме лешник.
Оставаме во фрижидер 1 час, па сечеме парчиња и послужуваме.