Испечати

Салата со тестенини, ореви и свеж копар

Салата со тестенини, ореви и свеж копар

Состојки

  • 1 свежа краставица
  • 200гр кисела павлака
  • 50гр бело сирење
  • 1лажица мелен орев
  • 1лажица свеж, сецкан копар
  • 70-100гр тестенина по избор
  • 1/4лажиче сол
  • 1/4лажиче бибер
  • 1/4лажиче оригано
  • за декорација
  • гранче копар и 1лажиче мелен орев

Подготовка

Несекојдневна, но многу вкусна салата е мојот денешен предлог.

Најпрво во касерола налеваме вода.
Од кога ќе почне да врие ја додаваме тестенината.
Вариме според упатството.
Ја процедуваме сварената тестенина, ја миеме со ладна вода, ја ставаме во цедалка да се исцеди од вишокот на течност и да се излади.
Во еден сад ги соединуваме ситно сецканиот копар, мелениот орев, зачините, киселата павлака, сецканото сирење и сецканата свежа краставица.-
Ја додаваме и изладената тестенина.
Соединуваме убаво и сервираме.
Декорираме со гранче копар и мелен орев.