Испечати

Монте во чаша

Монте во чаша

Состојки

  • 100 гр брашно
  • 50 мл вода
  • 8 лажици шеќер
  • 1 литар млеко
  • 150 гр црно чоколадо (рендано)
  • 150 гр бело чоколадо (рендано)

Подготовка

Само што го видов Монте рецептот на Теофанија, и се сетив дека и јас имам сличен што неодамна го пронајдов на интернет. Само јас не бев толку спретна како нашата Теофанија, па не е толку прецизно на изглед. Ама на вкус е навистина добро, па еве да го споделам.
Најпрво брашното се меша со водата, и постепено се додава млеко мешајќи со жица за матење. Се додава и шеќерот, и се вари сето на тивок оган, со постојано мешање, додека не се згусне како пудинг. Потоа се дели на два дела, во две гезвиња, за да може полесно да се стави во чашите. Во едното гезве ставаме бело чоколадо (рендано), а во другото црно исто, рендано, и го матиме кратко со миксер, додека не се растопи. Од двете гезвиња ставаме истовремено во чашите, за да добиеме монте пудинг.
Уживајте!