Грчка чоколадна пита(соколато пита)
Состојки
- Сируп
- 350 мл вода
- 500 гр шеќер
- 300 гр путер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 100 гр квалитетно какао
- 30 мл коњак или рум
- пита
- 4 јајца
- 300 гр брашно
Подготовка
Една од највкусните пити или колач со пребогат чоколаден вкус е токму оваа пита.
Прво се подготвува сирупот. Во тенџере на средно силен оган се става водата,шеќерот,путерот и ванилата.Се додава какаото и се остава да врие неколку минути со постојано мешање.Треба да се добие не многу густа кремаста смеса.Кога е готово го додаваме коњакот или румот.
Сирупот го делиме на два еднакви дела и оставаме да се олади.
Јајцата ги двоиме на белки и жолчки.
Белките ги матиме во густ снег и ги додаваме жолчките и заедно матиме со миксер до соединување.Го додаваме половината сируп и убаво мешаме со лажица.На крај го додаваме брашното и повторно убаво мешаме до соединување.
Смесата ја ставем во благо намстен плех со димензии 20 на 30 цм.
Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 12-15 мин.(најдобро проверете со чепкалка)
Печената пита топла ја сечеме на коцки со сакана големина и ја полеваме со втората половина од сирупот.
Питава е еднакво вкусна и топла и ладна.
Уживајте!