Испечати

Монте десерт во чаша

Монте десерт во чаша

Состојки

  • 2 л млеко
  • 2 пудинга од чоколадо
  • 2 пудинга од ванила
  • 2 лажици путер
  • 12 лажици шеќер
  • 400 мл слатка павлака
  • 200 гр бело чоколадо
  • 200 гр црно чоколадо

Подготовка

Овој рецепт е хит на социјалните мрежи, па решив да го споделам овде кај нас, во мои рецепти. Значи ова е превкусен рецепт кој мислам дека нема дете, па и возрасен што не му е омилен.

Подготовка
Сите состојки ги делиме на два дела.
1. Во две тенџериња ставаме по 800 мл млеко и ги загреваме до вриење.
2. Остатокот од млеко го распоредуваме во два сада. Во секој сад размешуваме по 6 лажици шеќер заедно со пудинзите. Во едниот ванила пудинзи, во другиот чоколадни пудинзи.
3. Откако ќе почне да врие млекото ги размешуваме пудинзите со рачни маталки, додека да се згуснат.
4. Ги тргаме на страна тенџерињата и во чоколадниот пудинг ставаме црното чоколадото да се растопи, а во ванила пудингот ставаме белото чоколадо. Потоа додаваме и путер.
5. Мешаме додека да се растопат, па ставаме слатка павлака по 200 мл во секое тенџере и десертот ни е готов.
6. Го распоредуваме со две кутлачи додека е топло. Во исто време во садовите во кои е ќе го служиме десертот, ставаме од двете крем смеси.
7. Декорираме со чоколадни парченца.

Забелешка
Слатката павлака не ја матам заедно со десертот, освен кратко со рачна маталка до соединување. Количинава може да ја поделите на два дела, ние сме бројно семејство и ако сакаме сите да пробаат, оваа колчина ги задоволува нашите страсти за благо.