Плескавици од наут и компири
Состојки
- 1 чаша наут
- 3 средно големи компира
- 1 морков
- 1 лажица ситно сецкан кромид
- 1 јајце
- на вкус сол, бибер мускатно оревче, сув зеленчук, магдонос
- за валкање брашно или презла
Подготовка
Чашата е од 250 мл.
- Одмерете го наутот и ставете го од предходен ден во сад со вода. Наредниот ден ставете да се вари и кога е веќе скоро сварен додадете го излупениот и на коцки исечен компир. Кога е се' сварено - процедете и во процесор или помагалото за пире правење убаво изгмечете, оставете ја да олади. Во вака добиената смеса додадете ги сите останати состојки, измесете мека, но податлива за работа смеса. Оформете ги плескавиците и извалкајте ги и пржете на тавка во која ќе ставите малку масло. Вадете ги на салвета.
Послужете со некој сос на база на јогурт.
Напомена
- Можете да го правите и со веќе конзервиран наут, но тогаш ќе внимавате да биде смесата погодена за работа откако ќе ги додадете сите состојки. Доколку ви изгледа меко и тешко се формираат плескавиците - додадете уште малку варен компир.
- Јас ги правев од конзервиран со тоа што компирот беше толку колку што е напишано, но додадов плус половина чаша наут.
- Ги валкав во пченкарно брашно.
- Кога ги вадите од тавката ставајте ги на салвета затоа што наидум изгледаат како да се мрсни, но откако ќе оладат воопшто не се такви.