Испечати

Зачинети ќофтиња од рерна

Зачинети ќофтиња од рерна

Состојки

  • 500 гр мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 1 поголем компир
  • 30 гр рендан кашкавал
  • 2-3 зрели црвени домати
  • 3-4 лажици кечап
  • 2 лажици сум босилек, црвен пипер, бибер
  • едно кафено лажице прашак за пециво

Подготовка

Во еден сад го додаваме меленото месо, кромидот го сецкаме ситно. Потоа ги додаваме зачините, прашокот за пециво, компирот го рендаме, исто така и кашкавалот го рендаме и го додаваме во садот. Се заедно мешаме и така добиената смеса ја оставаме 10на минути да одстои. Правиме малечки топчиња кои е најдобро да ги пржите во грил тава,но ако немате како јас во случајот тогаш малку пропржете ги во тава со малку масло додека поруменат. Потоа во друга тава ги ставаме ќофтињата, ги додаваме сецканите домати, кечапот, додаваме пак малку босилек, зачини по желба додека не се направи сос околу ќофтињата.Ја ставаме тавата во загреана околу 25минути.
Како гарнир совршено одговара домашно направено пире...