Испечати

Ќофте во сос

Ќофте во сос

Состојки

  • 750 гр. мешано мелено месо
  • 1-2 чешниња лук
  • 1 глава кромид
  • 100 гр. лебни трошки
  • 1 јајце
  • 5 лажици млеко
  • 40 гр. путер
  • Сос
  • 40 гр. брашно
  • по 150 мл. говедски и зеленчуков бујон
  • 150 мл. павлака за готвење
  • 1 лажичка сенф
  • 2 лажици соев сос
  • зачинки сол, бибер и др по ваш вкус
  • Додаток
  • по ваш вкус џем од боровинки или некое друго зрнасто овошје

Подготовка

- Излупениот кромид ситно исецкајте или изрендајте на крупната страна од рендето. Во тавка растопете го путерот, ставете го кромидот да се пржи до негово застаклување. При самиот крај ставете го ситно исецканото или изрендано лукче. Внимателно со решетка лажица извадете за да се исцеди маснотијата, ставете во садот во кој ќе ја приготвувате смесата за ќофтињата. Додадете го млекото, јајцето, презлата и добро измешајте. Додаде го биберот и некој друг зачин доколку сакате вие. Повторно измешајте. Во оваа смеса додадете го мешавината од меленото месо и сега убаво измесете го за да се спојат сите состојки. Покријте и одложете во фрижидер за од околу 1 час за да одлежи месото, потоа полесно се прават односно оформуваат топчињата.
Направете ги во големина која сакате вие (јас секогаш сакам малецки), потоа на маснотијата во која се пржеше кромидот пржете ги превртувајки ги на двете страни. Доколку оцените дека е малку маснотија, додадете уште путер или масло. Извадете ги и ставете на страна.
Сос
- Во истата мрснотија во која се пржеа кофтињата доколу има, спротивно додадете во тавката, ставете го брашното да се пржи исто како за бешамел сос. Откако е готово додадете ги двата вида на бујон, нека проврие, додадете го сенфот и соевиот сос доколку сакате. Не мора кој не е љубител на истиот. Кога ќе проврие додадете ја и павлаката, нека крчка. Веднаш во сосот додадете ги и кофтенцата и нека вријат во сосот до саканата густина.
- Послужете со пире или рестован компир, а додатокот на слаткото мене ми е невозможно добар спој на вкусови. Значи го додавате во тањирот или кој сака сам нека си додаде во неговиот тањир. Не секој ги сака ваквите вкусови.
- Кај мене денес послужено со џем од капини... сум го вкусила и со џем од јагоди, џем од брусница... исто така добра комбинација.
- Мешавината на мелено месо е повеке телешко наспроти свинското и тоа 500 гр. телешко на спрема 250 гр. свинско. Одлична е оваа мешавина.