Испечати

Слатко од зелени смокви со лимон или лимонтус

Слатко од зелени смокви со лимон или лимонтус

Состојки

  • 2 кг зелени смокви
  • 6 кг шеќер
  • 10 гр лимонтус за вода
  • 15 гр лимонтус за слатко
  • 2 ванилин шеќер

Подготовка

Подготовка
Смоквите се засекуваат кај рачките - се отстранува делот од рачката и им се прави крвче, со цел да можат подоцна да впијат од течноста. Се мијат убаво и се налеваат со вода, да ги покрие. Се започнува со нивното зовривање, штом зовријат се варат 5 мин. на умерен оган. Се истура таа вода и се налева повторно чиста вода. Во оваа вода се додава 10 гр.лимонтус. Вкупно се зовриваат во 9 води. После варењето, смоквите се ставаат во мрежеста врекичка да се исцедат. Се спрема шербетот. Шекерот се налева со вода, да го покрие и да зоврие. Се вари во густ сируп, неколку минути е потребно, брзо згуснува. Се додаваат исцедените смокви, нежно притискајки ги, со цел што повеке да се исцедат, бидејки кога ке се додадат во шербетот ја испуштаат водата и го ослабнуваат. Се варат на умерен кон тивок оган додека сирупот не ја добие конечната густина. При крај се додава лимонтусот (на 1кг. шекер - 3гр. лимонтус, јас ставив 15гр. и доволно беше, се цувствуваше нежно киселкаст вкус и не додадов повеќе) и ванилите растворени во малку вода. Се тестира на тацна шербетот, а слаткото се покрива со влажна и добро исцедена крпа. Се собира кога ке се излади во суви, чисти, стерилни тегли или пак жешко во жешки тегли, јас така правам. *наместо лимонтус може да ставите лимон.