Испечати

Пита-бурек со готови кори и фил од урда и спанаќ

Пита-бурек со готови кори и фил од урда и спанаќ

Состојки

  • 250гр готови, тенки кори
  • за попрскување
  • 60мл масло+80 мл вода
  • 1 лажиче сол
  • фил
  • 150гр урда
  • 5 брикети замрзнат спанаќ
  • 1 јајце, на врвот на ножот пециво
  • сол и бибер по вкус

Подготовка

Во мал сад ги ставаме маслото, водата и солта.
Ги ставаме на оган да провријаат само неколку секунди.
Тргаме од оган.
Во еден сад ги соединуваме замрзнатиот и исцеден спанаќ, јајцето, урдата, сол и малку бибер, пецивото
Соединуваме убаво.
Во мала тава, кај мене силиконска, поставуваме една кора, а при тоа краевите нека и висат однадвор.
Ставаме 2-3 згужвани кори и попрскуваме со течноста.
Расфрламе од подготвениот фил.
Повторно ставаме 2-3 згужвани кори, попрскуваме, па ставаме фил.
Така постапуваме додека не ги истрошиме состојките.
Краевиите од првата кора ги внесуваме навнатре, односно покриваме со нив.
Попрскуваме со остатокот на течност.
Печиме во загреана рерна на 190 с, околу 25 минути.
Оставаме кратко да се излади, па сечеме на четвртини и послужуваме со јогурт.