Испечати

Жилиен

Жилиен

Состојки

  • 3 парчиња пилешки гради
  • 1 помала главица кромид
  • 700 гр сечкани свежи печурки шампињони
  • 400 гр кисела павлака
  • 300 гр кашкавал
  • Малку сол масло, мешан сув зеленчук, оригано,мелен црн бибер
  • Бешамел сос
  • 2 лажици брашно
  • 300 мл млеко
  • Сол мелен црн бибер

Подготовка

Месото се вари со сол. Кога е убаво сварено се сече на коцки. Настрана се пржи ситно сецканиот кромидот со сол. Кога ќе ја промени бојата и стане стаклест, се додаваат печурките и се пржат. Се трга од оган и се додаваат коцките месо, зачините, се убаво се изедначува. Во друг сад се пропржува брашното со сол, внимаваме да не потемни, му додаваме ладно млеко и постојано мешаме додека Бешамелот не добие густина на мајонез. Зачинуваме со мелен црн пипер. Во земјена тава (јас го наредив во калап со откопчување и го ставив во тава) се нанесува едната половина од месото, убаво се распоредува, па половина од Бешамелот, половина кисела павлака, половина од ренданиот кашкавал. Уште еднаш се повторува постапката, најгоре кашкавалот убаво да покрие. Се наросува оригано и се става да се потпече на 200 степени во загреана рерна, додека уваво не порумени, околу 30 минути. На здравје.