Испечати

Лажни индијанки

Лажни индијанки

Состојки

  • 5 јајца
  • 150гр. шеќер
  • 250гр. брашно
  • 1 пециво
  • фил
  • 1литар млеко
  • 10лаж. шеќер
  • 6лаж. густин
  • 6лаж. брашно
  • 3 јајца
  • 2 ванилин шеќер
  • 300мл. слатка павлака
  • чоколаден фил
  • 200мл. слатка павлака
  • 200гр. чоколада за готвење

Подготовка

Подготовка на тесто

За тестото се матат шеќерот со јајцата околу десетина минути, а потоа се додаваат прашокот за пециво и брашното. Најдобро би било доколку јајцата ги матите поединечно посебно белки посебно жолчки и тогаш да ги соедините сите состојки заедно, но со шпатула не со миксер.

Се формираат индијанките и се ставаат на плех обложен со хартија. Се печат 10 минути во загреана рерна на 200 степени.
Фил
За крем, наместо пудинг подгответе кремава структура од половина литар млеко во кое додавате 10 лажици шеќер. Се загрева, а во останатото половина литар млеко се ставаат 6 лажици густин и 6 лажици брашно, 3те јајца па се додава во млекото на оган.
Се вари млекото со состојките, а потоа се остава да се олади.
Ја матиме слатката павлака и ја додаваме на предходната смеса. Матиме за да добиеме убав крем со кој ги филуваме индијанките.
Слаткара павлака ја загреваме и во неа ја додаваме чоколадата. Мешаме се додека не ни се соединат и додека не добиеме убав чоколаден фил кои ги пемачкуваме лажните индијанките.
На здравје!!!