Испечати

Полнети пиперки подготвени во апарат

Полнети пиперки подготвени во апарат

Состојки

  • фил
  • 250гр тврдо сирење или урда
  • 2 јајца
  • 1 лажиче црн кумин
  • 500 гр пиперки

Подготовка

Уште кога бев мала го сакав овој така наречен летен рецепт.Мајка ми го викаше летен,зашто најчесто го спремавме во лето,како најбрза храна.
Тогаш ги правевме пржени пиперките,но сега кога го имаме апаратот на топол воздух, пиперките ги спремам исклучиво таму.
Го пишувам како идеа,но верувајте нема да погрешите.
Вообичаено кога се спремаат пиперките полнети со јајце, при пржењето јајцето набабрува и излегува од пиперката,но овде во овој случај не е исто.
Рамномерно си се подготвува и еднакво се обработува храната.
Јас овој пат користев 250 гр тврдо сирење ( така пишуваше на паковката,но искрено мислам дека беше некој вида на урда )
Ја помешав со две јајца. Ја посолив по вкус.
Додадов црн кумин.
Пиперките ги измив добро и имги отсеков краевите кај рачката.
Ги наполнив со смесата до горе.
Ги наредив во садот и го уклучив апаратот. Ги оставив 10 минути.
Ако сакате повеќе поцрвенети,оставете ги 15 минутки.
Служете ги како прилог со месо, компир,јајце на окце...