Месо во тава со суви пиперки и бело вино
Состојки
- 2 кг свинско месо
- 300 гр печурки
- 4 кромид
- 5 суви црвени пиперки
- 100 гр павлака
- 150 гр кашкавал
- 200 мл бело вино
- 100 мл вода
- 1 лажица сув магданос
- зачини по желба
Подготовка
1. На парчиња се сечи месото и се пржи на тивко 40 мин. Се додава во пржењето масло и водичка. Потоа се става во тепсија целото месо.
2. На страна се пржи кромидот. Се додаваат печурките и сечканите суви пиперки. Се додаваат сите зачини. Сето ова се додава во тепсијата со месо.
3. Се става павлаката, белото вино и целиот изрендан кашкавал. Убав се меша и се зачинува по желба.
4. Се печи 40мин на 250 С .Вкусот е фантастичен.
На здравје!!!