Пикантни ќофтенца со инстант пире (фрикадели)
Состојки
- 500 гр. мелено месо (мешавина или пилешко)
- 1 главица кромд
- 1 јајце
- 3-4 лажици истант пире
- 8 лажици топла вода
- 4 лажици млеко
- на вкус суви чили пиперчиња или лут буковец, бибер, сол, сув зеленчук, мелен ким или кумин, ситно сецкан магдонос,
Подготовка
Подготовка
- Пригответе го истант пирето залевајки го со добро загреани водата и млекото. Измешајте - ставете настрана.
- Кромидот ситно исецкајте го или пак едноставно изрендајте го.
- Во меленото месо додадете го кромидот кој сте го ситно исецкале или едноставно е изрендан, веќе готовото пире, јајцето и зачинки кои може да ги одберете и по ваш вкус. Добро измесете за да навистина се спојат добро состојките, одложете за кратко во фрижидер, за да потоа со навлажнети или лесно намрснети раце правете ќофтињата големина која ќе ја изберете, но секако за овие фрикаделки потребно е помали.
- Овие фрикаделки можат и да се пржат и да се печат.
- Ако ги пржите (овие што ги гледате се пржени) заради тоа да не впиваат мрснотија, јас секогаш ги поховам во матено јајце и брашно.
- Ако ги печете, ставете ги во веќе загреана рерна во тавка која сте ја послале со хартија за печење, но претходно намачкајте ги и со малку масло. Готови се кога ќе добијат убава боја.
- Ако во моментот не ви се наога дома истант пире - тогаш заменето го со пире од 2 компира - доволна е таа количина.
- Вака можете да спремате и од мелено пилешко бело месо. Одлични и такви.
- Ако не ги сакате лутички, изоставете го буковецот или чили пиперчето, но би ви препорачала барем малку благ буковец да ставите.