Брзо домашно лепче
Состојки
- 450 г брашно
- 320 мл топла вода
- 1 пакетче сув квасец
- по 1 лажиче сол и шеќер
- 2 лажици масло (плус 1 за премачкување)
Подготовка
Домашното лепче ми е секогаш предизвик и уживам да го правам во разни форми и варијации. Чувството кога ќе го извадам од рерна и кога ќе ме удри бран на топлина и убав мирис е незаменливо.
Се замесува тесто од сите состојки, прво се мешаат сувите состојки па се додаваат течните, се намрсува еден подлабок сад и се става тестото во него и одозгора се премачкува со малку масло. Се остава 1 час.
Потоа се пренесува во калап обложен со хартија, се обликува и се остава уште половина час да отстои. Се наросува брашно одозгора и се исцртуваат форми од горе пред печење. Се пече околу половина час на 190 степени, па уште 10тина минути на 150 степени. Ако бргу се запекува, покријте го одозгора со фолија при печењето.
После печење, покријте го со крпа и сечете го после 20тина минути.