Испечати

Бела тава со ќофтиња

Бела тава со ќофтиња

Состојки

  • за ќофтињата
  • 400 гр. мелено месо
  • 1 рака ориз
  • 1/2 лажица сув зачин
  • 1/4 лажичка црн пипер
  • 1/4 лажичка шарена сол
  • 2 лажици масло
  • 1 главичка кромид (ситно сечкан)
  • 1 лажица презла
  • останати состојки
  • 700 гр. компири
  • 400 гр. грашок (замрзнат)
  • 1 голема тегла маринирани шампињони
  • 1 лажица сув зачин
  • 1 голема лажица брашно
  • 500 мл. ладна вода

Подготовка

1. Сите состојки за ќофтињата се ставаат во сад и се измесуваат со рака.
2. Со влажни раце се формираат ќофтиња и истите се пржат во масло со протресување за да се запржат од сите страни.
3. Во земјена тава се ставаат сечканите компири, грашокот, маринираните печурки, сувиот зачин и малку црн пипер.
4. Брашното се меша со водата убаво да нема грутчиња, се тура во тавата и со лажица се меша сето заедно.
5. На крај, запржените ќофтиња се ставаат во тавата помеѓу зеленчукот, тавата се става во рерната која се пушта на најсилно.
6. Штом рерната е загреана на најсилно, се намалува на 200 степени и се пече околу 1 час, односно додека да се потпече убаво.

Доколку ви изгледа малку течност, пред печење во тавата ставете уште малку млака вода.
Дополнително во тавата не ставив сол бидејќи има сув зачин и во ќофтињата и на зеленчукот.
Исто така дополнително не ставив масло бидејќи ќофтињата малку ќе пуштат мрснотија.