Мармалад од мешано шумско овошје
Состојки
- 1000 гр боровинки и друго шумско овошје
- 500 гр шеќер за желирање 2:1
- 4 лажички листови од мајчина душичка свежи
- 4 лажици сок од цитрон
Подготовка
Подготовка
Исцистете ги боровинките и другото овошје и измијте ги. Ако сакате како мојот мармалад, мазен,тогаш во нутри булетот испасирајте го овошјето,па додадете му го шеќерот. Ако пак сакате со цели плодови,тогаш попрскајте го овошјето со шеќерот и оставете го малку да постои. Додадете ги листовите мајчина душичка и сокот од лимон. Мешајте во длабок сад доведувајќи го до вриење. Штом проврие,мешајте околу 5 минутки,на потивко. Собирајте го во чисти мали теглички,цврсто затворете ставајќи го капакот на тегличките. Јас направив со боровинки,капинки,рибизли и малинки. Овошјето може да биде и само една врста.