Испечати

Светогорски колач (посно)

Светогорски колач (посно)

Состојки

  • 250 мл млака вода
  • 6 лажици џем од боровинки
  • 10 лажици шеќер
  • 500 гр брашно
  • 2 лажици суви боровинки
  • 150 гр посно чоколадо
  • 1 рака сечкани ореви
  • 1 рака сечкани лешници
  • 1 пакетче цимет
  • 1 лажица сода бикарбона
  • 1/2 лажичка прашок за пециво
  • 1 лимон - кора
  • 1 портокал - кора и сок
  • 1 рака урми
  • 1 рака суво грозје
  • 1 рака суви кајсии
  • 200 гр мармалад од кајсии

Подготовка

За сите љубители на посната храна, денес ќе напишам еден рецепт,кој вреди да стои на странава. Време е на пости,па трагајќи што да си зготвам додека постам,наидов на овој убав колач,кои го спремале на Света Гора. Монасите кажуваат како после тримерењето,јадат ошав, а потоа овој колач. Се припрема на овој начин. Џемот од боровинки го мешаме со шеќерот и водата. Миксираме на најниско ниво на миксерот. Кога ќе се соединат состојките, додаваме рендана кора од еден портокал,и рендана кора од еден лимон. Од портокалот го цедиме сокот и тој го додаваме во смесата. Додаваме цимет и суви боровинки. Настрана го мешаме брашното со содата и пецивото, па постепено лажица по лажица го додаваме во садот кај тестото. Миксерот го исклучуваме и додаваме суво грозје,урми,суви кајсии и ореви. Тавата ја обложуваме со хартија за печење,затоа што колачот знае да залепи. Печеме во загреана рерна на 180 степени, 25-30 минути. Проверувате дали е печено,па потоа оставате уште 5 минути во исклучена рерна. Се вади тавата од рернаи се сече на коцки. Се премачкува со мармалад од кајсии, и се наросува со јадро мелени ореви и лешници. Чоколадото се растопува на пареа. Се попрскува врз колачот.
Забелешка:
Јас не ставив чоколада, затоа што сметав дека е доволно благо. Значи кој е љубител на многу благо,нека си стави така како е пишано.