Испечати

Пица со домашно тесто

Пица со домашно тесто

Состојки

  • За тесто
  • 450 г Брашно (+по потреба)
  • 2 лажици Маслиново масло
  • 2 каф. лаж. Сол
  • 1 каф.лаж. Шеќер
  • 315 мл Топла вода
  • 1 пакетче Сув квасец (Или половина свеж квасец во коцка)
  • За врз тесто
  • 250 г Сечена шунка
  • 250 гр Кашкавал
  • 1 пак. Сечена чајна (или кулен)

Подготовка

ТЕСТО
1.Во длабок садот со водата се ставаат квасецот и шеќерот и се чека да надојде.
2.Откако квасецот ќе надојде, во длабок сад се става брашното и солта и се меша со лажица.
3.Во садот се додава маслото (ако немате маслиново може и сончогледово масло) и повторно се промешува.
4.На крај се додава квасецот и потоа сето тоа се меша со миксер со додатоците за тесто (доколку немате додатоци можете да ги користите и обичните), потоа подлогата се наросува со брашно и врз неа се меси тестото.
5.Откако ќе го измесите тестото се враќа во истиот сад каде што беше и се мачка со малку масло.
6.Потоа се покрива со најлонска фолија и крпа и се остава еден час за да надојде.
7.Откако ќе надојде, тестото се размесува и се дели на два дела (во зависност од големината на пиците која ја сакате, во случајов ќе бидат две поголеми пици) и потоа се разсукова и се поставува во претходо со масло намачканата и наросената со брашно тепсија.
ВРЗ ТЕСТО
1.Се размачкува кечапот.
2.Се распоредува половина сечената шунка (сотанатата половина е за другата пица исто како и кај кашкавалот и чајната).
3.Се наросува половина од ренданиот кашкавал.
4.Се распоредува половина од чајната.
5.Се става малку кечап врз пицата.
6.Наросете со оригано.
Наздравје!