Испечати

Ред велвет чизкејк во чаша

Ред велвет чизкејк во чаша

Состојки

  • 100 мл крем сирење
  • 1 лажичка шеќер во прав
  • 100 мл слатка павлака
  • 50 гр темно чоколадо со 70% какао со вкус на цреша
  • Малку црвена прехрамбена боја

Подготовка

Изматете го крем сирењето со шеќерот, па додадете ја слатката павлака и матете додека се згусти. Чоколадото стопете го и во него додадете една лажица од смесата и малку црвена боја, па потоа додадете го во останатата смеса и убаво измшајте го.
На дното на една чаша ставете здробено суво колаче и наполнете ја ¾, па одозгора ставете цреши, јагоди и коцка чоколадо.