Мафини со ореви и кокос
Состојки
- 4 белки
- 200 гр шеќер
- 100 гр мелени ореви
- 50 гр сецкани ореви
- 50 гр кокос
- 5 лажици брашно
- 1 пециво
- 150 мл млеко
Подготовка
Подготовка
Белките изматете ги со миксер, постепено додадете го и шеќерот и продолжете со матење додека да се стопи шеќерот.
Потоа, додадете ги оревите, кокосот, брашното измешано со пецивото, млекото. Убаво изматете ја смесата со миксер.
Калапот за мафини премачкајте го со путер и ставајте од смесата.
Печете на 200 степени околу 10-15 мин.
Од оваа смеса излегуваат 12 мафини