Колач со боровинки за 3 минути
Состојки
- 1/4 шолја (3лажици) брашно
- 1 лажица шеќер
- 1 лажиче лимон шеќер
- прстофат сол
- 1/4 лажиче прашок за печење со вкусн на шафран
- 1 лажиче омекнат путер
- 2 лажици млеко
- 1 мало јајце
- 1-2 лажици боровинки
Подготовка
Измешајте ги сувите состојки и потоа истријте ги со путерот.
Додадете го млекото и јајцето и повторно компактно измешајте.
Основната идеја на рецептот беше од интернет, која претрпи промени додека се приготвуваше. Имено додатокот на вкусовите не постоеше таму, а ни јајцето. Но, гледајќи како смесата не е доволно течна, решив наместо да додавам уште течност, да ставам јајце и не згрешив. Колачот испадна од-ли-чен.
Уште една мала измена... состојките се за една поголема шолја, но решив дека полесно, полично и поубаво ќе е да ги ставам во 2 стаклени големи ременки и повторно не згрешив. Добивме од едно таман за двајца кое солидно се испече и можеше комотно и да се вади од нив иако таму се спомнува дека мора исклучиво да се срка овој десерт. А вие, ако се решите како мене, а немате ременки, тогаш можи да го распоредите и во 2 поголеми филџани. Нека не ве чуди ако ви се види дека е малку смеса во садовите, бидете сигурни дека солидно ќе нарасни.
До кај бевме со рецептот... ах да, ни остана уште да се испечи.
Ставете ги боровинките одозгора на смесата и печете на најсилно во микробрановата 2 минути.
Готово е.
Кога малку ќе подизладат ставете шлаг доколку имате, одлично оди со шлаг, а и со филџан мерак кафенце исто така заедно : )