Едноставни американски крофни
Состојки
- 3 јајца
- 3 лаж. шеќер
- 1 филџан(250гр) јогурт или кисела вода
- 2 филџана брашно
- 1 пециво
- 2 лажици ракија
- 2 ванили
- шеќер во прав и топена чоколада
Подготовка
Се започнува со матење на јајцата и шеќерот. Потоа се додаваат јогуртот, пецивото, ванилата, ракијата и брашното.
Се меша смесата во подлабок сад и кога ќе стане со средна густина, само се зема со мало лажиче тесто и се пушта со сад со загреано масло или во калап за американски крофни. Се пржат, а потоа се знае - чоколаден прелив, мед, шеќерен прав, по избор.
На здравје!!!