Полнета плескавица
Состојки
- 500гр. мешано мелено месо
- 2 супени лажици презла(лебни трошки)
- 4 лажици брашно
- 1 прашак за пециво
- 200гр. кашкавал
- 1 кромид
- 2 јајца
- 1 лажица црвен пипер
- сол,бибер,лук,магданос и по желба морков
Подготовка
Во длабок сад измешајте ги меленото месо, ситно сечканите кромид, 1 чешне лук, магдонос и ренданиот морков(по желба).
Додајте ги црвениот пипер, прашокот за печиво, лебните трошки и 4 лажици брашно.
Јајцата изматете ги со виљушка со малку сол и бибер и додајте ги во садот, па мешајте со лажица додека смесата се соедини.
Најдобро е доколку смесата ја оставите неколку часа во фрижидер.
Земете од смесата од месо и расплескајте ја на едната дланка, додајте го кашкавалот сечен на подебела коцка и формирајте плескавица.
Јас овојпат излегов од стандардната округла форма и ја направив во правоаголна форма заедно со лепињите.
Постапката повторете ја со сите состојки и потоа редете ги на чинија намастена со масло.
Пржете ги на загреано масло во тава на оган.
Во мојот случај плескавиците беа послужени со убави хамбургер лепињи и сезонска салата.