Испечати

Чиабата леб

Чиабата леб

Состојки

  • Состојки
  • 380 гр брашно
  • 280 мл млака вода
  • 2 гр сув квасец
  • 1 лажичка сол
  • 3 лажици маслинов зејтин

Подготовка

Преубав леб, мек како памук, кој не се меси.
Во еден сад ги ставаме сите состојки и мешаме со дрвена лажица за да се соединат сите состојки. Тестото го префрламе во друг намастен сад. Најубаво е да биде поширок сад со капак. Го затвараме капакот и го оставаме тестото да одстои 40 минути. После тоа време тестото го теглиме од сите четири страни.
Значи не месиме, само го истеглуваме од едната страна, го преклопуваме, па од другата страна и така со сите четири страни. Затвараме и оставаме 30 минути. Постапката ја повторуваме со теглењето.Затвараме и оставаме уште 30 минути.Ја повторуваме постапката и пак оставаме уште 40 минути.
Сега го превртуваме тестото на набрашнета површина и без да месиме го сечеме на половина и го ставаме на побрашнета хартија со преграда мегу двете парчиња. Покриваме со крпа и оставаме 30 минути. После тоа лепчињата ги префрламе на набрашнета хартија во плех и го печеме лебот на 200 степени 20-25 минути. Го вадиме од рерна, покриваме со крпа и оставаме 20 минути да олади и потоа може да се пробува. Иако изгледа комплицирано, воопшто не е бидејки не се меси тестото.