Колачи со лешници и чоколаден крем со жолчки
Состојки
- кора
- 5 белки
- 180гр шеќер
- 200гр тостирани, излупени, мелени лешници
- некое зрно сол
- фил
- 5 жолчки
- 150гр шеќер
- 100гр путер
- 100гр црно чоколадо
- Малку мелен фстак за декорација( заборавив да оставам од лешникот и користев фстак, што и не е задолжително)
Подготовка
Колачиве се топат во устата.
Може да се сечи кората на коцки, штангли.... но мене вака ми прават посебен мерак.
Земаме два сада и ги делиме белките од жолчките.
Сега во еден сад ги соединуваме лешниците и шеќерот во прав.
Почнуваме да ги матиме белките со некое зрно сол во густ шам.
Со исклучен миксер и со помош на шпатула ги додаваме соединетите шеќер во прав и лешниците.
Смесата ја нанесуваме во правоаголна тава за печење, одприлика со димензии 20 х30, која е обложена со хартија.
Печиме на 180 степени околу 12 до 15 минути, благо да зарумени.
Ја остаавме кората да се излади.
Потоа ја одстрануваме хартијата за печење и кората ја поставуваме на даска за колачи.
Во сад ги соединуваме жолчките, шеќерот, путерот .
Ги соединуваме со миксер 1 до 2 минути.
Сега овој сад го ставаме над сад со вода која врие, значи готвиме над пареа, додека не се згусни.
Пред крај го додаваме и чоколадото, да се растопи, односно да се изедначи смесата.
Одмаааа топлиот крем го нанесуваме врз кората и со нож размачкуваме убаво, бидејќи брзо ќе се стегни филот.
Посипуваме со мелени фстаци.
По еден час сечиме полумесеци и сервираме.