Камел тортици
Состојки
- 1 портокал (120 мл сок од портокал и кората)
- 250 гр моркови
- 2 јајца
- 180 гр шеќер
- 80 гр масло
- 80 гр мелени бадеми
- 30 гр нишесте
- 1 прашок за пециво
- 170 гр брашно
Подготовка
Подготовка:
Морковите и 120 мл сок од портокал изблендирајте ги во пире. Претходно изрендајте ја кората од портокалот. Јајцата и шеќерот матете ги додека се растопи шеќерот и смесата дојди густа како крем. Потоа додадете го маслото, кората од портокалот и пирето од морков. Полека вмешајте ги мелените бадеми, прашокот за печење, густинот и брашното. Смесата излијте ја во намастени калапи и печете на 165С околу половина час. Печените тортички оставете малку да подоладат во калапите пред да ги извадите, полејте ги со некој прелив или шеќер во прав и послужете.