Делимано торта
Состојки
- За кора
- 6 белки
- 5 жолчки
- 6 лажици шеќер
- 100 гр чоколадо
- 1 лажица прашок за пециво
- 1 кесичка пудинга од ванила со парчиња јагода
- За фил
- 0,5 л млеко
- 250 гр шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 2 пудинга од ванила
- 4 жолчки
- 250 гр путер или маргарин
- 100 гр нутела
- 0,5 кг јагоди
- 150 гр целуфки
- 2 шлаг крем од ванила
Подготовка
Се матат белките во цврст шам со постепено додавање на шеќерот и на крај една по една жолчките. Со најмала брзина на миксерот се додава брашното и прашокот за пудинг. Јас начекав промотивен пакет од ванила со додаток од парчиња јаготка кој прекрасно се вклопи овде и е навистина со одличен вкус. Инаку, само од ванила е по рецептот. Чоколадото се ренда и се додава со внимателно мешање во еден правец. Смесата се истура во намастен и набрашнет калап со обрач бр. 26 и се пече на 185 С околу половина час. Откако добро ќе излади се сече на половина да се добијат две кори. Жолчките се разбиваат со 1 лажица шеќер и 100 мл млеко и во нив се меша прашокот за пудинг. Остатокот од млекото се загрева и во него се додава мешавината и се вари крем. Кремот се покрива со стреч фолија за да не фати кора и се остава да лади. Во оладениот крем се миксира предходно изматениот путер. Филот се дели на два дела и во едниот се меша Нутелата.
Редење на тортата
Се става едната кора и се премачкува со жолтиот фил. Врз него се редат јаготките исечени на малку подебели пачиња кругови. Врз јаготките се редат целуфките, а над нив се премачкува кафеавиот фил. Врз сето ова се става втората кора. Шлаг кремот се спрема спрема упатството и со него се премалкува целата торта. Јас овде се решив за шлаг крем иако можи наместо тоа со шлаг пена. Одозгора се украсува со парчиња јаготки и чоколадо. Тортата можи да ја редите во чинија за торта или пак, јас се одлучив, во истиот калап со обрач во кој печев. Потоа ја извадив од калапот, ја премачкав со кремот и ја украсив. Добро е да се остави преку ноќ за убаво да си легнат слоевите, па потоа да се сечи на прачиња.