Испечати

Црн ориз со златна мешавина

Црн ориз со златна мешавина

Состојки

  • 1 чаша црн ориз
  • 2,5 чаши вода
  • 1 лажица масло од пченични никулци + 2-3 за пржењето
  • 2 чаши златна мешавина
  • 3-4 печени пиперки (или 1-2 конзервирани + 1 лажица ајвар)
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица соја сос
  • 4-5 лажици кечап
  • Нане, вегета, босилек, гарам масала, сол, куркума, мајоран
  • малку лук во прав 10-15 мини конзервирани кромидчиња (или во замена 3 ситно сечкани кисели корнишони)

Подготовка

Оризот со водата, маслото и малку сол се става на умерено загреана рингла да се вари 30-40 минути покриено со капак, односно се додека не омекне. Кога е сварен, доколку има сеуште вода се отцедува. Кромидот се сечка на тенки ленти и кратко се запржува со малку масло во загреана вок тава, се додава кратко сварената златна мешавина предходно исцедена од водата и заедно се пржат додека омекнат. Потоа се додаваат ситно сечкани печените пиперки или замената која е наведена за нив, но тогаш ајварот се додава пред крај на пржењето. Се додава црниот ориз, зачините и на крај кромидчињата, соја сосот, кечапот и 1 лажица ајвар. Овде исто така убаво е да се додаде и сечкан магдонос, кој јас го немав во моментот. Откако се убаво ќе омекне и се спои се трга од рингла, се префрла во длабока чинија и се служи топло. Колку и да е кинеско јадењево, убаво е да си има и малку македонски печат кога веќе си го готвиме дома, а ајварот и да ставите печени пиперки како што ставив јас, сепак ви препорачувам ако се решите да го правите ова јадење и имате при рака обавезно да ставите една лажица, бидејќи му дава еден убав шмек и на вкус и ги поврзува неосетно сите состојки. Црниот ориз била долго време љубоморно чувана тајна на кинеските владетели заради своите хранливи, антиоксидантни и афродизијачки својства, многу богата со растителни влакна, која сеуште можи често да се најди под името „забранет ориз или забранета намирница“. Поседува големи количини на магнезиум, фосфор и селен, не содржи глутен и всушност не е ни ориз иако го носи тоа име.