Екстравагантна салата од рукола, орев, портокал и брусница
Состојки
- 1 грст млада рукола
- 1 портокал
- 1 рака сува брусница
- 1 рака орев
- 1 лажица маслиново масло
- 1 парче сирење...козјо, овчко, горгонзола
- сол и бибер по вкус
- сокот од портокалот
Подготовка
Салатава е навистина многу необична, но вкусна
Прво руколата ја миеме и ја оставаме на чиста кујнска крпа да се исуши.
Внимателно портокалот го филетираме, а при тоа работиме над мал сад, со цел да се собере сокот кој го испушта.
Во садот додаваме маслиново масло, малку сол и малку бибер.
По сопствен вкус може да се стави и ацето балсамико за поостар вкус.
На тајнир прво ја поставуваме руколата, па филети портокал, расфрламе сува брусница, парчиња орев, дробено сирење.
Прелеваме со преливот и послужуваме.