Леб со домашен квасец
Состојки
- 130 гр. од домашниот подмесен и добро стасан квас (Лиевито Мадре)
- 150 гр, полнозрнесто брашно
- 350 гр. брашно тип 00
- 330 мл. вода
- 1 лажичка мед или шекер
- 10 гр. сол
Подготовка
ПОСТАПКА
- Од веќе припреманиот домашен квас - Лиевито Мадре (за кој има рецепт овде), кој е освежен односно подхранет онака како што е напишано во рецептот издвојте и одмерете 130 гр. Ставете го во соодвете сад за месење, истурете во него водата која треба да е со собна температура, медот или шекерот, - бркајки расторете. Додете го прво полнозрнестото брашно - измешајте со лажица, потоа додадете го другото брашно и мешајте со лажицата се додека добро не се спои и ке добиете една леплива мешавина. Поклопете или покријте - нека одлежи 15 мин. По истекот на тие 15 мин. откријте го тестото - посолете со солта одозгора, па со навлажнета рака подигајте ги краевите кон средината, оформете го во форма на топка, превртете го со горниот дел надолу, ставете во садот... повторно поклопете или покријт, оставете повторно да одстои 15 мин., повторете ја истата постапка со тестото како предходно што сум напишала - работете со него постојано навлажнувајки си ја раката. Оваквото премесување се прави вкупно 5 пати. Потоа преместете во лесно подмачкан сад со масло, поклопете или добро покријте, оставете го да одлежи 10 часа на собна температура.
- Откако поманле овие 10 часа - на побрашнета површина истурете го тестото и пак со рака само дигајте ги (тегнете) сите краеви кон средината на тестото и тоа неколку пати направете иста постапка со тестото. Откако сте добиле убаво комапктно тесто со убаво добиена форма- ставете го на добро побрашнета крпа и тоа со долната страна да биде нагоре, посипете пак со брашно и оставете да стасува 3 часа на собна температура.
- Пред самиот истек на времето за стасување на лебот вклучете ја рерната на 250 степени ставајки во неа тавка да се загрева во исто време кога и рерната или кој има камен за печење нека го стави каменот. Кога рерната ја достигнала температурата, сосема лесно на лопатка префрлете го тестото така што сега горниот дел ке дојде долу, ставете на загреното плекче или камен. Во исто време на крајот од тавката или на решетката во мал сад ставете вода која е сосема малку млака. Затворете ја рерната и вака нека се печи 15 мин, а потоа отворете рерната, извадете го садот со вода, намалете ја температурата на 200 степени и печете уште 35 мин. Извадете и ставете на решетка да се лади.
И тоа е се околу овој леб драги мои.
НАПОМЕНА
- Значи тестото за овој леб стои на стобна температура и само со домашниот квас - неговото стасување трае повеке време. Јас го правам навечер тестото, за да утрото кога станам веке можам да го оформувам и да ги причекам тие 3 часа. Многу убав леб со крцкава кора.
- За оние кои префрлувањето на лебот им преставува проблем бидејки се работи за меко тесто, ако случајно неможе со лопатка да го постави во рерната - тогаш предлагам да лебот наместо на побрашнета крпа го ставите на хартија за печење, потоа при превртувањето одозгора поставете повторно хартија за печење и само превртете и заедно со хартијата поставете на веке загреаната тавка или камен - лесно и така.
Морам да кажам дека немав полнозрнесто брашно во моментот кога ми притекна да го правам лебот, навечер беше... и затоа неговото место го завзема брашното тип 500 и другото беше брашно тип 400 наместо тип 00 бидејки многу ретко можам да го најдам, односно кога ке ми донесат по порачка - но беше во мала количина и одлучив да пробам дали вака ке работи. Лебот можете да си го спремите и само со тип 400... не е проблем.
- И да кажам дека во овој леб има еден волшебен зачин - љубовта кон ваквите теста и големо трпение.....