Испечати

Сукана путер баклава

Сукана путер баклава

Состојки

  • 2чаши(200мл) кисела вода
  • 1 пециво
  • 200мл. зејтин
  • 250гр. нишесте
  • 400гр. путер
  • 400гр. ореви
  • 1-1200кг. брашно
  • шербет
  • 1200мл. вода
  • 1,5кг. шеќер
  • 2-3 ванилин шеќер
  • 3,4 резанки лимон

Подготовка

Подготовка
Во сад за месење го додаваме брашно се става пециво, 200 мл. масло, 2 чаши кисела вода и се замесува тесто.
Тестото го месиме убаво неколку минути се додека не добиеме убаво мазно тесто.
Потоа се дели на 4 еднакви дела, а тие на уште по 10. Вкупно 40 топчиња.
Од секое топче се сука помала кора со големина на тацна.
10 помали кори се редат една врз друга и се сука голема кора.
На секоја помала кора се става по едно лажиче нишесте.
Кората се става во плех и се посипува со сечкани ореви.
Истата постапка се повторува и со останатите 30 помали кори.
Добиената поголема кора се става врз првата кора со ореви и се сече по желба.
Потоа се прелева со растопен путер,баклавата се пече 30 минути на 200 степени.
Температурата се намалува на 160 степени и се пече уште 30 минути.
Откако ќе се испече баклавата се остава да се излади.
За тоа време се подготвува шербетот.
Шербетот се добива со вриење на смеса од шеќер, вода,лимон и ванилин шеќер.
Баклавата се попарува со врел шербет.