Испечати

Сладолед ролат (без печење)

Сладолед ролат (без печење)

Состојки

  • 500мл. слатка павлака
  • 200гр. чоколада за готвење
  • 500мл. млеко
  • 2 пудинга од ванила
  • 2 јајца
  • 9 лажици шеќер
  • мармалад по желба шумско овошја,јагода,кајсија...
  • едно пакување на пишкоти или бисквити

Подготовка

Го варите млакото со пудингот, шеќерот и две јајца. Постапката стандардна.
Во дел од ладното млекото го додаваме пудингот изматените јајца и шеќер, сипуваме во врелото млеко и вариме густ крем. Кремот убаво го ладиме и го соединуваме со 300мл.матена слатка павлака.
Останатата 200мл слатка павлака ја загреваме на тивок огин, во неа ги додаваме чоколадата мешаме се додека не добиеме густ крем т.е ганаш.
Ролатот го приготвив во модла која ја гледате во дополнителните слики ви е по желба.
Започнувам со ванила крема ставам со лажица од чоколадната крема и слаткото или џемот редам бисквити кои се натопени во млеко. Постапката ја повторувам уште еднаш и завршувам со бисквити.
Наместо бисквити може да користите пишкоти. Ролатот изладетего во замрзувач пред да се конзумира.На здравје!!!